Активности на ООУ “Кочо Рацин” на Европски научен конгрес за животна средина и екологија

Во рамките на проектот “Еразмус+”, од кој е дел ООУ “Кочо Рацин”–Куманово, на Европскиот научен конгрес за животна средина и екологија училиштето соработува со три училишта од: Шпанија, Италија, Романија и Полска.

Проектот се реализира  од октомври 2018 г. до септември 2020 година, а од 04.11. до 08.11.2019 година, домаќин е ООУ “Кочо Рацин”. Тема на која се работи оваа недела е Сортирање на отпад и рециклирање.

Наставници и ученици од училиштето, кои работат на проектот, денеска беа на прием кај Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, со цел да ги презентираат своите активности.

Во ООУ “Кочо Рацин”-Куманово ќе биде отворена Изложба “Еко арт”, проследена со културно-уметничка програма, на 08.11.2019 година (петок).