Средба на Градоначалникот Димитриевски со национален  координатор за СНЕБПТ Борче Петревски

Средба на Градоначалникот Димитриевски со национален координатор за СНЕБПТ Борче Петревски

Денеска во просториите на општина Куманово се одржа работнa средба на членовите на Акцискиот тим во заедницата за превенција и спречување на насилен екстремизам. На средбата присуствуваа
Градоначалникот на општината Димитриевски и националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Борче Петревски. На оваа средба беа договорени идни
активности, кои ќе бидат превземени на ова поле и потребата од поголема координација помеѓу органите на локално и централно ниво.

 

Потпишани договори со десет образовни асистенти

Денеска во 0пштина Куманово беа потпишани договори со десет образовни асистенти,ангажирани преку Програмата Општинскокорисна работа на проектот “Креирање можности за работа за сите, финансирана од Швајцарскатаагенција за развој и соработка во партнерство со Министерството за труд и социјална Политика и Агенција за вработување на РСМ. Проектот ќе се реализира во четири основни училишта:ООУХристијан Карпош, ООУ11-ти Октомври, ООУБраќа Миладиновци и ООУ Крсте Мисирков

Започна асфалтирање на пристапниот пат до индустриската зона Новине, Речица

Денеска во индустриската зона Новине и Речица на автопатот Е 75,
започна асфалтирање на пристапниот пат до зоната. Градоначалникот
на општина Куманово Димитриевски заедно со Премиерот Зоран Заев
и Министерот за внатрешни работи на РСМ Оливер Спасовски беа
присутни на настанот. Димитриевски потенцираше дека општината ќе
продолжи да инвестира во инфраструктурата на новата индустриска
развојна зона и воедно се заблагодари на Владата за досегашната
финансиска поддршка од 24 милиони денари за инвестиции во
примарната инфраструктура. Денешнава инвестиција е реализирана
со средства во износ од 3 милиони денари, кои се претходно
заштедени при постапката за избор на најповолен понудувач, по
постапка на јавно наддавање за изградба на главниот атмосферски
колектор и примарната пристапна улица во зоната. Општината и
Владата најавија дополнителни инвестиции во инфраструктурата на
индустриската зона, бидејќи истата нуди големи можности за
домашните и странските инвестиции и дополнителен развој на
стопанството.Градоначалникот ги повика инвеститорите да пројават
интерес за инвестиции во нови производствени и трговски капацитети
во делот на лесна и незагадувачка индустрија и најави постапка за
продажба на градежните парцели по пат на јавно наддавање.

Одржан меѓународниот саем “Органска трпеза”

Денеска пред градскиот базен се одржа третиот меѓународен саем на органски и традиционални производи “Органска трпеза”. Настанот е во организација на Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет “Живот”-Куманово, поддржан од општина Куманово и Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост-“Име”. Градоначалникот на општината Димитриевски имаше свое обраќање на настанот.

Се одржа турнир во кошарка

На игралиштето за баскет кај спортската сала се одржа турнир во кошарка, во организација на кошаркарскиот клуб Куманово. Финалето го отвори Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски. На овој спортски настан присуствуваа и Н.Е. Амбасадорот на Босна и Херцеговина, директорот на Агенцијата за млади и спорт на РСМ, како и познати спортисти.

Средба на Градоначалникот Димитриевски со бискуп скопски и струмичко-скопски епарх д-р Киро Стојанов

Денеска во посета на општина Куманово беше бискуп скопски и струмичко-скопски епарх д-р Киро Стојанов, кој оствари средба со Градоначалникот Димитриевски. На средбата се разговараше за изградба на католичка црква, на локација доделена од Владата на Република Северна Македонија (ул.“АВНОЈ”, нас.Гоце Делчев) на Римокатоличката црква во државата, како и за потребните урбанистичко-плански документации и постапки за добивање на дозвола за градба. Во оваа прилика беше истакнато дека Куманово како мултиетничка и религиска средина ги негува традицијата и вредностите на сите заедници, кои живеат во општината, давајќи еднакви можности на сите. Одлуката за изградба на овој храм беше поздравена од Градоначалникот, со надеж дека истата ќе се реализира во најкус можен рок, веднаш по обезбедување на потребната документација.Соработката на општината со католичката заедница во РСМ е на високо ниво и истата треба да продолжи

Се одржа настанот “Заедно за граѓаните”

По повод 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Северна Македонија, денеска на
Градскиот плоштад се одржа традиционалниот настан „Заедно за граѓаните“. Настанот е во
организација на Општина Куманово, Сектор за внатрешни работи Куманово, Територијална
противпожарна единица, Здравствен дом – Служба за итна медицинска помош, општинска
организација на Црвен крст. Од оваа година носители на настанот се и НУЦК “Трајко Прокопиев”,
најмладите членови на училишните сообраќајни единици од општинските основни училишта и
Мото клуб “Мечки”. Беа презентирани сервисни информации, услуги, кои граѓаните можат да ги
добијат од институциите, активности и показна вежба. Настанот е посветен на поголема
безбедност во сообраќајот, потребата за поголема сообраќајна култура, почитување на
сообраќајните правила и прописи, како и почитување на мерките за заштита и спречување на
ширењето на корона вирусот. На настанот присуствуваше и Градоначалникот Димитриевски.

Одбележан 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Северна Македонија

Денеска на споменикот Жена Борец на Градскиот плоштад, со свечена програма беше одбележан празникот 8-ми Септември-Ден на Независноста на Република Северна Македонија, со почитување на предвидените мерки за превенција од КОВИД епидемијата. Делегации од Сојуз на борци-Куманово,Градоначалник на општина Куманово, Совет на општината, Армија на Република Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи, општински основни и средни училишта, јавни претпријатија и установи, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии, положија свежо цвеќе пред споменикот. Пред присутните се обрати Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

Промовирано делото “90 години Соколана”

 


Вечерва се одржа промоција на книгата 90 години Соколана на авторот Марјан Стошевски, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Градоначалникот Димитриевски присуствуваше и имаше свое обраќање на промоцијата. На истата се обратија ипознати спортисти и спортски работници од нашиот град, кои беа доста успешни во својата фела.

 

 

 

Средба на Градоначалникот Максим Димитриевски со директорите на основни и средни училишта во градот

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со
директорите на основните и средните училишта од општината. На
средбата се разговараше за протоколите за почетокот на новата
учебна година, потребите на училиштата за спроведување на истиот,
како и проблемите со кои се соочуваат наставниците,учениците и
родителите во оваа ситуација.