Акција за засадување на садници низ градот

Општина Куманово во соработка со ЈП „Чистота и Зеленило„ денеска спроведе акција за засадување на садници низ градот. Оваа е една од мерките, кои општината ги превзема против загадување на воздухот. Со акцијата  засадени се  нови садници во центарот на градот, на булевар „Октомвриска револуција„, локалитет Водовод и улица „Б.Б.Гуцман„. Градоначалникот Максим Димитриевски апелира до сите граѓани да ги сочуваат овие зелени површини за поубаво и почисто Куманово.