Денеска во прва официјална посета на општина Куманово беше Н.Е. Амбасадорот на СР Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн. На средбата Градоначалникот Димитриевски ја претстави нашата општина и разговараа за можно продлабочување на соработката во повеќе области и имплементација на заеднички проекти. По средбата се упатија во Градската болница каде од страна на Амбасадата на СР Германија беше донирана опрема за потребите на болницата.