Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на Венето, Италија

Како дел од проучувањето на односите помеѓу регионот Венето (Италија) и локалните заедници на Република Северна Македонија, Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на работен состанок со г-дин Фабио Газабини, директор на регионот Венето (Италија). На средбата градоначалникот преку презентација ја претстави индустриската зона „Новине и Речица„, а се разговараше и за можност за потенцијални странски инвестиции. Од друга страна беше илустриран потенцијалот на Венето компаниите кои се наоѓаат во економски најразвиениот регион во Италија. Двете страни разменија искуства и идеи на економски план, со можност за понатамошна соработка.