Ден на радост и надеж на патронатот на ООУ “Магдалена Антова”

Под мотото “Радоста и надежта-во сите нас”, денеска ООУ “Магдалена Антова”-Куманово го одбележа патрониот празник, на кој присуствуваше Делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на Општината и претставници од Секторот за образование при Општина Куманово. Во рамките на одбележувањето се одржаа Свечена седница и Свечена сценска изведба, подготвена од страна на наставниот кадар и учениците.