Во пресрет на Светскиот ден на чистењето – 15 Септември, Општина Куманово, ЈП „Чистота и Зеленило„ СВР Куманово и Згружението Кумановски „Акцијаши„ денеска спроведоа еколошка акција во населбата Гоце Делчев.
По акцијата градоначалникот Максим Димитриевски засади садници на двата градски плоштада и подели едукативни флаери за чиста животна средина.
Исто така, Градоначалникот изврши и увид во градежните работи за реконструкција на двата плоштада, конкретно на скалите на кои интензивно се работи.