Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски присуствуваше на затварањето на Детскиот ликовен камп АСНОМ 2020, кој се одржа во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. На јубилејниот, 10-ти по ред ликовен камп учествуваа ученици од општинските основни училишта, кои твореа во повеќе техники: цртање на платно, монотипија (графика), цртеж и анимација. Делата ќе бидат изложени на биенална изложба, а потоа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша”.
Заврши Детскиот ликовен камп АСНОМ 2020
- јули 9, 2020
- За Наше Куманово
- Објави
- Comments are Closed
- 0