Заврши проектот за реконструкција и проширување на канализациона мрежа во Куманово

Денеска по повод завршување на проектот за реконструкција и проширување на канализациона мрежа во Куманово се одржа  видео презентација за изведената работа. На завршниот настан свое обраќање имаше Градоначалникот Максим Димитриевски, Амбасадорот на Европска Унија во Р.Македонија, Самуел Жбогар и Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.