Во првиот месец од своето функционирање, градоначалникот Максим Димитриевски оставри многубројни средби со граѓаните на Општина Куманово. Разговараше со претседатели на месните заедници во општината, со директори на Јавни претпријатија и раководни лица во институциите од градот, со претставници на верски заедници, со здружение за грижи и воспитување на децата, со бизнис секторот, со културните работници и спортските клубови.
Во својот кабинет оставри средби со Амбасадори на Јапонија, Франција и почесниот граѓанин на Куманово Луиза Винтон, со кои разговараше за тековните проекти како и за продлабочување на понатамошната соработка.
На полето на инфраструктурата во овој овој период интензивно се работеше. Се асфалтираа улица „Тоде Мендол„улица „100„ улица „Димитар Влахов„, „Орце Николов„, а до крајот на годината е предвидено да се реконструираат улиците: „Moша Пијаде„, „Пелинска„,Страшко Арсов„, Драги Шутевски и „Борко Таневски„. Се изврши и тампонирање на голем број улици.Се изврши обележување на хоризонтална сигнализација во централно градско порачје.
Во зафршна фаза е проектот за реконструкција и проширување на канализациона мрежа во градот. Се изврши и реконструкција на фасадата на зградата на општината, се сменија клупите на Грдскиот плоштад,а се зголеми и нивото на хигиената во централно градско подрачје. Поставени се мобилни тоалети.
По повод Ден на Градот „11 Ноември„ Градоначалникот Максим Димитриевски беше домаќин на голем број делегации од збратимените градови.