Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
– Да се побараат дополнителни количини на дезинфекциони средства ( натриум хиперхлоид и дезинтал )
– Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово
– Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово и ЈЗУ Општа Болница, со зголемување на бројот со стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово