ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан осумнаесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 02.04.2020 година (четврток)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот.
  • Се задолжува ЈП Чистота и зеленило во најбрз можен рок да изврши обележување со жолти линии со растојание помеѓу нив од 2 метри пред сите банки и пошта.
  • Апел до граѓаните до Општина Куманово да се придржуваат согласно препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив.