Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во
потесен состав, во врска со превземање на активности за превенција од ширење
на болеста COVID-19 (корона вирус). Во согласност на препораките од Влада на
Република Северна Македонија и Министерство за здравство, на состанокот беа
донесени следните препораки и заклучоци:
– Се порепорачува на вршителите на јавен градски превоз да ги редуцираат
своите возни линии, на начин на кој ќе може непречено да функционираат и
да ги извршуваат своите работни обврски во сменско работење, сите
корисници на јавниот градски превоз;
– Се препорачува на сите вршители на јавниот превоз на територија на
Општина Куманово, вклучувајќи ги и такси превозниците, при вршење на
својата дејност да носат заштитна опрема;
– Повторен апел до граѓаните да не се собираат во група од пет лица пред
маркети, на бензински станици, пред продавници за производство на храна
и сл. на цела територија на Општина Куманово и да ги почитуваат
препораките од Влада на Република Северна Македонија и Министерство
за здравство;
– Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од
Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Влада на
Република Северна Македонија, а повеќе информации во врска со вирусот
можат да се најдат на линкот на официјалната веб страница на
Министерство за здравство на Република Северна Македонија:
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ .
Општинскиот штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и
навремено ќе реагира.