По појава на обилни врнежи од дожд во тек на вчерашниот ден (17.06.2019 година), се одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово, РЦУК, ДЗС, МВР, ТППЕ, ЈП Водовод, ЈП Чистота и зеленило, АД Водостопанство и Црвен Крст. На состанокот се донесоа следните заклучоци и препораки:
- Главен проблем за поплавување во објекти, се приклучените атмосферски води од крововите и дворните места, во фекална канализациона мрежа. Поради оптеретеност на мрежата, која патем е предвидена за одвод на отпадни води од кујни и тоалети, во ниските приклучни точки во мрежата, доаѓа до излевање и поплавување во внатрешни простории.
АПЕЛ до граѓаните за разумно постапување и исклучување на атмосферските води од крововите и дворовите и нивно спроведување на улиците, доколку нема атмосферска канализациона мрежа во непосредна близина, со што би се растеретила фекалната канализациона мрежа и не би дошло до несакани последици. Исто така, во нареден период, надлежени сектори при Општина Куманово, се обврзуваат да вршат контрола, со цел, раздвојување на атмосферска од фекална канализациона мрежа;
- Се задолжува ЈП „Водовод“ Куманово во најкус можен рок, да изработи техничко решение, како би се решил проблемот со атмосферските води, кои по улици од целиот град, се слеваат до бул. „Октомвриска Револуција“ со што се оптеретува атмосферската канализациона мрежа на самата улица;
- Се задолжуваат дежурните екипи на ЈП „Водовод“ Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“ како и екипи од ТППЕ, со својите опрема и ресурси, да продолжат да бидат активни на терен и да помагаат во справување со евентуални нови поплави предизвикани од обилните врнежи.
Општински Штаб за Заштита и Спасување, како и дежурните екипи на ЈП „Водовод“ Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“, ТППЕ, РЦУК и МВР, и понатаму будно ја следат ситуацијата, особено заради можни нови вренежи од дожд во попладневните часови во наредните два дена.
Потребна помош во случај на поплавување, и понатаму, граѓаните ќе може да побараат на дежурниот телефонски број 195 на РЦУК, како и на 078365061, дежурен телефон на Општина Куманово.