Известување
Од одржан трет состанок на Општински штаб за заштита и спасување
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот присуствуваа претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, претставници од институции, организации и јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
– Општина Куманово преку Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ќе изврши субвенционирање на социјално загрозени семејства на територија на Општина Куманово, (пакети со прехранбени производи, основни средства за лична хигиена…)
– Општина Куманово ќе побара од Владата на Република Северна Македонија две возила, кои ќе се користат за дезинфекција и перење на улици, а доколку не бидат обезбедени, оваа набавка ќе ја спроведе Општина Куманово.
– Општина Куманово ќе побара од ЈП ,,Пазаришта,, Куманово затворање на пазар за стари работи, а исто така ги информираме граѓаните дека сточниот пазар е веќе затворен.
– Општина Куманово ќе постави средства за дезинфекција на јавно прометни места во градот (двата плоштади, кеј, базен, Соколана, верски објекти и на други јавно прометни места во градот). Јавните претпријатија ќе бидат задолжени оваа мерка сами да ја спроведат, односно да постават средства за дезинфекција на влезовите на претпријатијата.
– Тимовите кои вршат асистенција на болни и изнемоштени лица ќе бидат достапни во период од 08.00 до 14.00 часот.
– Се задолжуваат јавните претпријатија да обезбедат набавка на технички инструменти- безконтактни топломери и секојдневна контрола на вработените при отпочнување на работните задачи, како и на странките. При извршена контрола доколку се утврди дека некој од вработените или странка има покачена температура, да се испрати кај матичен лекар за превземање на понатамошни дејствија.
Потребно е да се направи дезинфекција на општинските згради.
– Јавното претпријатие ,,Чистота и Зеленило,, и ТППЕ Куманово да продолжат со дезинфекција на јавни површини.
– Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово да продолжи со постапката за информирање на управителите на станбените објекти за дезинфекција на влезовите, заедничките простории, лифтовите на сите станбени згради.
-Според преставникот на Центар за јавно здравје постапката за дезинфекција на објектите на основните и средните училишта е завршена.
Општина Куманово
Градоначалник,
—————————–
Максим Димитриевски