Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
– Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово
– Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово и ЈЗУ Општа Болница, со зголемување на бројот со стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово
– ЈП Пазаришта Куманово почнувајќи од 28.03.2020 да ги затвори сите зелени пазари на територија на Општина Куманово со напомена дека истава препорака не важи за трговските дуќани кои се закупци во ЈП Пазаришта Куманово
– Се забранува на сите Невладини организации и здруженија да не организираат лични донации на територија на Општина Куманово без предходна координација со Општински штаб за заштита и спасување и Црвен крст – Куманово, поради спречување на несакани собирања на поголеми групи на граѓани при дистибуирање на самата донација
– Започнавме акција за делење на хуманитарни пакети на социјално најзагрозени категории на граѓани територија на Општина Куманово.