По повод одбележувањето на 500 години Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, вечерва во Занаетчиски Дом беше отворена ликовната изложба – „Портрети на Американските претседатели“. Изложбата ја отвори градоначалникот Максим Димитриевски, кој се обрати пред присутните, а свој говор имаше и авторот на делата, самостојниот уметник Борче Тодоровски.
Изложбата е во чест на успешната соработка која Општина Куманово ја има со Амбасадата на САД во Р.Северна Македонија, како и другите владини и невладини организации од САД со претставништво во нашата држава.