Денеска на споменикот Жена Борец на градскиот плоштад со свечена програма беше одбележан празникот 8-ми Септември-Ден на независност на Република Македонија.Делегации од борци,претставници од општината, Советот,АРМ, МВР, институции, училишта, невладини организации и политички партии положија цвеќе пред споменикот.Пред присутните се обрати Претседателот на Совет на општина Куманово Атина Мургашанска.