Оддржан прв работен состанок на тематска проблемска работна група формирана под надлежност од страна на Локален Совет за Превенција

Денеска во просториите на Општина Куманово беше оддржан прв состанок на Тематската работна група за Заштита на животната средина во општина Куманово. Оваа работна група има за цел да ги согледа проблемите од областа на животната средина со кои се соочува Куманово, со ставање на посебен акцент врз управувањето со отпад, чистењето на ѓубриштата кои секојдневно ни се појавуваат во градот и подигање на јавна свест преку реализирање на одредени еколошки акции. Минатата недела по повод Светскиот ден за чистење ова тело ја организираше најголемата акција за собирање на отпад до сега, заедно со невладините организации Кумановски акцијаши, Не биди ѓубре и Го Грин, каде што исто така се вклучија вработените од неколку училишта заедно со своите ученици. Денеска Тематската работна група имаше конструктивен состанок од каде произлегоа многу предлози за конкретни активности што во иднина ќе се превземат со цел изготовка на квалитетен Акциски план, кој треба да оди на усвојување на Советот на општина Куманово, а преку кој треба да се подобри животната средина во нашиот град. Со ова ги повикуваме сите оние граѓани кои ќе изразат желба за оваа убава иницијатива да ни се приклучат и да дадат свој допринос во еколошките акции кои следат или да ни дадат свои идеи како може да ја подобриме средината во која живееме. Предлозите можат да ги достават директно на нашата веб страна или на следниот емаил dchungurski@gmail.com
Координатор Драган Чунгурски