Одржана 2-рата форумска сесија во рамки на ,,Регионалниот форум во заедницата,, во Куманово

Во организација  на Центарот на североисточниот плански регион  се одржа втората  Форумска сесија, во рамки на  програмата „Регионални форуми во заедницата“. На оваа сесија од  страна на работните групи, граѓаните се запознаа поопширно со седумте предлог концепти на решенијата утврдени на првата форумска сесија. Граѓаните/форумот дискутираа и  го дадоа своето мислење за секој од нив, а акцент се стави на критериумите за избор на проекти, регионалната димензија и одржливоста на предлогот.  Граѓаните на форумот даваа свој  предлози и мислења како да се доразвијат концептите согласно критериумите.

Од презентираните 7 предлог концепти на решенија форумот прифати/утврди шест кои според форумот ги исполнуваат условите  да бидат предмет на приоретизација на третата форумска сесија согласно критериумите на грантовата шема дефинирани со проектот ,,Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој,,  и тоа:

Концепт 1: Уредување на Бислимска клисура (изградба на енергетски ефиксен објект за развој на рурален туризам во Бислим);

Концепт 2:  Инфраструктурно уредување на туристичка инфраструктура за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО  ПОКЛОНЕНИЕ ;

Концепт 3: Поставување на урбана опрема на туристички локалитет  Спомен костурница ;

Концепт 4:  Изградба на пристапна   инфраструктура -пешачки  патеки и рехабилитација на постојни до природни реткости – атрактивни туристички локалитети,  уредување со урбана  опрема и патокази и инфо табли во СИПР (Станечки водопади, локалитет Куклица и др.);

Концепт 5:  Инклузивен стадион во СИПР ( Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР);

Концепт 6:  Изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети – објекти  во регионот согласно стратегијата на СИПР;

Третата  форумска сесија ќе се одржи на 13-ти  Март 2019 година, со почеток во 12:00 часот во ресторан Грација во Куманово.