Денеска учесниците на Квизот “Колку го познаваш својот град”, заедно со своите наставници-ментори, пред Националната установа Центар за култура Трајко Прокопиев-Куманово, каде се одржа Квизот, засадија дрвце, во чест на Јубилејот 500 години Куманово.
Квизот е уште една активност во рамките на Програмата за одбележување на Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово.
На Квизот учество зедоа ученици од VIII и IX одделение од општинските основни училишта, кои имаа обврска да одговараат на прашања од предметите историја, географија, општа култура и образование.
Делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината Десанка Стошевска, беа присутни на настанот, кој имаше забавен карактер.
Сите ученици-учесници и нивните наставници-ментори добија благодарници за учество.