Општина Куманово доби дваесет милиони денари за Индустриска зона

Општина Куманово доби дваесет милиони денари за Индустриска зона

На вчерашната седница, Владата на Република Македонија донесе одлука, Куманово да добие 20 милиони денари за отпочнување на градежни активности во индустриската зона Новине и Речица.Со оваа ќе започне и процес на понуда на парцелите кон инвеститорите. Градоначалникот Максим Димитриевски смета дека овие сретства се сосема доволни за почеток, и се надева дека ќе започне реализација на реална инфраструктура во тој дел од градот.Инаку Индустирската зона Куманово е неменета за мали и средни претпријатија, а моментално таму има само земјоделско земјиште.