Денеска во уметничката галерија при Националната установа Музеј Куманово беше отворена изложба во рамките на проектот “Сочувување на старите занаети кои овозможуваат развој на занаетчиско претприемништво и самовработување”.
Изложбата е во организација на RZK Zanaet-Zeja-Куманово, поддржано од Министерството за економија на Република Северна Македонија и Arty Craft North Mаcedonia.
Изложбата ја отвори Претседателот на Совет на Општина Куманово Атина Мургашанска, а на истата присуствуваше и Секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска со претставници од општинската администрација.