Вечерва со дефиле низ улиците на градот, а подоцна со свечено отворање во НУЦК „Трајко Прокопиев“ започна Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ 2019. Фестивалот ќе трае три дена , а на програмата во вторник, среда и четврток ќе се најдат настапи на дванаесет уметнички друштва и ансамбли од Република Северна Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Колумбија.
Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ 2019 се одржува под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура на Република Северна Македонија, а по повод 500 години од постоењето на Куманово.