Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски, во присуство на Дедо Мраз, традиционално ги подели новогодишните пакетчиња на дечињата сместени на детското одделение во Општа Болница Куманово. Димитриевски изрази благодарност до персоналот на болницата за нивниот несебичен ангажман, а на децата сместени на детското одделение им посака што поскоро закрепнување.