Почитувани сограѓани,
Општина Куманово доби можност да биде дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, во чии рамките ќе организираме Форуми на заедницата, како демократска алатка да се слушнат мислењата и предлозите на граѓаните.
Од форумот очекуваме вие да предложите и да ги изберете проектите за кои сметате дека се важни за заедницата. За овие проекти, предвиден е фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF). Проектот е имплементиран од УНДП, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Затоа, ве поканувам на првата форумска сесија, што ја закажавме за во вторник, 11-ти јуни 2019 година, во 10 часот, во Занаетчиски Дом во Куманово.
Важни ни се вашите предлози и размислувања и затоа очекуваме да ги слушнеме на Форумот на заедницата.
Со почит,
Општина Куманово
Градоначалник Максим Димитриевски
10.06.2019 год.
Куманово