Празничен Прес на Градоначалникот Димитриевски

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски заедно со Раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, здравствена заштита и заштита на децата, директорот за Фондацијата за култура и спорт Куманово, како и претставници од Советот на Општина Куманово, денеска одржа Прес за медиумите, по повод 11 Ноември, Празникот на нашиот град.

Честитајќи го Јубилејот 500 години Куманово и 75 години од неговото ослободување, ги покани граѓаните да бидат дел од бројните културни и спортски настани, во рамките на Ноемвриските денови.

Градоначалникот потенцираше дека наше Куманово има изграден профил на модерен, проевропски град, како мултикултурен центар со добар соживот, а граѓаните се поткрепа на сработеното и продолжување на планираното.

Истакнувајќи ги културните настани, кои започнаа со концертот на пензионерите, тривечерните мега концерти на Градскиот плоштад, се до возобновувањето на Гитаријада, Градоначалникот најави и бројни делегации од државата и странство, претставници од Законодавната, Извршната и Судската власт на 11 Ноември.

Упати огромна благодарност до сите спонзори, компании и физички лица, кои излегоа во пресрет за конкретна реализација на културните и спортски настани, во рамките на одбележувањето на Јубилејот 500 години Куманово.