На градскиот плоштад во Куманово вечерва се одржа првата фестивалска вечер одпетнаесеттиот по ред Меѓународен Тамбурашки Фестивал Кумманово 2019. Фестивалот го отвори градоначалникот Максим Димитриевски кој ги поздравиприсутните, а во своето обраќање истакна дека Тамбурашкиот фестивал кој прераснаво традиција, со својата богата и квалитетна програма прави Куманово да биде градна културата во вистинска смисла на зборот. Пред бројната публика, оваа фестивалска вечер настапи домашниот Тамбурашкиоркестар „Кумановски тамбураши“ со вокалните солисти Нино Величковски и СандраМилковска, Т.С. „Велос“ од Нови Сад, Г.Т.О.„Пљевља“ од Црна Гора со вокалниотсолист Тања Шетер, како и „Големиот тамбурашки оркестар на Р.Т. Војводина“ одНови Сад со специјалниот гост на вечерта – Биљана Биља Крстиќ.Втората фестивалска вечер започнува утре во 20 часот и 30 минути на градскиот плоштад.
Прва фестивалска вечер од Тамбурашкиот Фестивал
- август 23, 2019
- За Наше Куманово
- Објави
- Comments are Closed
- 0