Општина Куманово денеска традиционално ги прогласи најдобриот полицаец и најдобриот пожарникар за 2018 година.
За најдобар полицаец беше прогласен Аслан Ајети, полициски службеник во ПС за БПС при СВР Куманово, а за најдобар пожарникар Сашо Илиевски, командир на одделение во ТППЕ Пожарна.
Наградите ги врачи Градоначалникот Максим Димитриевски кој истакна дека наградите треба да бидат лична мотивација за секој од нив, но и добар пример за средината во која работат.