Денеска традиционално Општина Куманово ги прогласи најдобриот полицаец и најдобриот пожарникар за 2019 година.
За најдобар полицаец беше прогласен Горан Величковски, полициски службеник од ПС од ОН Куманово, а најдобар пожарникар е Розе Спасовски, пожарникар-спасител-возач на специјално возило.
Наградите ги врачи Градоначалникот Максим Димитриевски, кој им се заблагодари на двете институции за натчовечките напори во служба на граѓаните. Честитајќи им на најдобрите, потенцираше дека се пример за своите колеги, како мотивација за бележење високи резултати.