Прогласени најдобрите спортисти за 2019 година

Вечерва во Занаетчискиот дом Куманово се одржа најзначајната спортска манифестација “Избор на најдобри спортисти за 2019 година”, во организација на Општински сојуз на спортови Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Беа доделени дипломи, пехари, признанија и благодарници на најдобрите спортисти, тренери, спортски клуб и спортски работници од општина Куманово за 2019 година. Во рамките на оваа спортска манифестација присутните имаа можност да го проследат и документарниот филм за Женскиот ракометен клуб Куманово на авторот Марјан Стошевски, кој оваа година одбележува 90 години од постоењето.

Градоначалникот на општината Димитриевски имаше свое обраќање и додели награди на најдобрите спортисти за оваа година:

-Емил Цветанов- Велосипедски клуб “Kross sajkling”, велосипедист

-Стефан Кимевски- МРК “Куманово”, ракометар голман

-Никола Петрушевски- Клуб за бразилска џиуџица “The strongest and ruts” Куманово

-Филип Стојановски- КК “Куманово 2009”, кошаркар

-Александра Боризовска- ЖРК Куманово, ракометарка

-Зоран Ристовски- Велосипедски клуб “Вело М”, велосипедист

-Марјан Ивановски- Аеро клуб Куманово, пилот

-Милош Велевски- Кик бокс клуб “Куманово 2006”, кик боксер

-Матеја Ефремовска -Атлетски клуб Куманово, атлетичарка

За најдобар спортист е избран Андреј Петровски- Велосипедски клуб “Вело М” Куманово, велосипедист.