По повод вечерашната промоција на ЦД-то “Цвето мори, цвету росен”
на Октет Куманово, Градоначалникот Димитриевски имаше средба со
членовите на Октетот, композиторите на нивните песни и музичките
гости на промоцијата.
Настанот е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово
и Секторот за култура , а под покровителство на Градоначалникот и
Советот на општината.На промоцијата беа презентирани неколку
снимки од повеќе настапи на Октетот, промотор беше Огнен
Неделковски, а музички гости-Виолета Томовска и членовите на
женската група “Сирма”.
Димитриевски имаше свое обраќање пред присутните.