Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа работна средба на делегации од општините Куманово и Гњилане, предводени од Градоначалниците Максим Димитриевски и Љутфи Азири.
Целта на оваа средба се потпишаните договори во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Р.Северна Македонија. Потпишани се договори за два проекти: „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“, кој ќе се имплементира во партнерство на општините Гњилане и Куманово и „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област“, помеѓу Регионалната компанија за снабдување со вода “Хидроморава” – Гњилане и ЈП “Водовод”- Куманово.
Градоначалникот Димитриевски потенцираше дека проектите ќе придонесат за јакнење на прекуграничната соработка и подобри услови за живот на граѓаните од регионот, им посака успешна работа на тимовите на проектите и уште можности за нови проекти.