Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на членови на Локален совет за превенција. На состанокот, со кој раководи Градоначалникот Димитриевски, беше презентиран и усвоен Локалниот акциски план за спречување на насилен екстремизам.
Понатамошните активности на Локалниот совет за превенција во врска со спречување на насилниот екстремизам ќе бидат поддржани со помош на донации, тимска работа со други здруженија и невладини организации.
Дел од предвидените активности за 2020 година ќе ги поддржи Мрежата на силни градови, во која Куманово членува од 2017 година.