Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во Општина Куманово оствари работна средба со делегација од Општина Бујановац, предводена од Градоначалникот на Општина Бујановац Шаип Камбери. На средбата присуствуваа и Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници на општинската администрација од Општина Куманово и Општина Бујановац.
На средбата се дискутираше за можната прекугранична соработка помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија во рамките на CBC, за потенцијалните проекти меѓу двете општини кои ќе имаат за цел взаемно развивање и вмрежување, од што главниот бенефит ќе го искористат граѓаните, а воедно беа разменити искуства и од работењето и функционирањето на општините.