Денеска се одржа традиционалниот турнир во футсал за Пехар на Градоначалникот, во организација на Општински сојуз на спортови Куманово и Општински сојуз на училишен спорт, а по повод Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово.
Учествуваа ученици од општинските средни училишта, а на најдобрите на одржаниот турнир, за освоено прво, второ и трето место, наградите им ги додели Раководителот на Сектор за култура,спорт,социјана и здравствена заштита Цоки Ристовски.