Денеска советниците на продолжение од дваесет и деветта седница на советот, ја изгласаа одлуката за избор на најповолна понуда за воспоставување на јавно-приватно партнерство за осветлувањето во градот. Со тоа се финализира постапката за јавно-приватно партнерство, со која во наредниот период приватна фирма (партнер) ќе биде задолжена да вложи 4,7 милиони евра во поставување на ново осветлување и подобрување на мрежата на јавните прометни површини со штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места во градот со модерен систем за управување.