Средба на Градоначалникот Димитриевски со членови на Учиме право програма на МОФ

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со членови на Учиме право програмата на Младински образовен форум. Целта на посетата е запознавање со работата на Општина Куманово, надлежностите на органите на единиците на локалната самоуправа, како и начините на кои младите можат да се обратат до истите. Здружението „Младински образовен форум„ работи на полето на неформално образование, човекови права и слободи, креирање на младински и образовни политики, поттикнување толеранција и почит кон туѓите идеи и промовирање на критичка мисла. Во Куманово, Учиме право програмата се спроведува во МОФ центар Куманово кој функционира во соработка со здружението Центар за интеркултурен дијалог.