Денеска во организација на Општина Куманово, Локален економско-социјален совет и Одделение за локален економски развој, се одржа состанок со претставници на чевларските компании од нашиот град. Целтта на средбата беше разгледување на актуелната состојба во чевларската индустрија во Куманово и изнаоѓање на можни и реални насоки и решенија.
На средбата присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој ја поздрави иницијативата за одржување на ваков состанок, како и предлогот за формирање на Комисија, составена од претставници од чевларска индустрија, која ќе биде дел од ЛЕСС.
Марија Димитријевска, раководител на Центарот за вработување-Куманово го презентираше оперативниот план со активна програма, мерки за вработување и услуги на пазар на труд за 2020 година.