Традиционално пливање по крст на Затворениот градски базен

Традиционално пливање по крст на Затворениот градски базен

По повод големиот христијански празник Богојавление –Водици, на ден 19.01.2018 година (петок) со почеток во 11:45 часот, се организира пливање по крст  на Затворениот градски базен. Манифестацијата е во организација на пливачките клубови “Аква“, “Немо“, “Делфин“ и “Тумба“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и кумановско-осоговската епархија.  Сите заинтересирани граѓани можaт да се пријават најдоцна до 18.01.2018 година  на пријавницата на градскиот базен.