Успешно заврши петнаесетиот Тамбурашки фестивал

Денеска директорот на фондација за Култура и спорт, Нино Величковски, на прес конференција се заблагодари на учесниците на  петнаесети тамбурашки фестивал кој се одржа викендов на Градскиот плоштад. Пред многубројната публика двата вечери се претставија „Кумановски тамбураши“, со вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, „Велос“ од Нови Сад, „Пљевља„ со солистката Тања Шетер, од Црна Гора, Големиот тамбурашки оркестар на РТ „Војводина“ од Нови Сад, со специјалната гостинка Биљана Биља Крстиќ, „Трио гранде“ од Кавадарци, “Хрватски дом Велс“ од Австрија, а фестивалот го затвори Влатко Стефановски – трио и Мандолински оркестар Скопје, диригент Ерхан Шукри. Фестивалот е под покровителство на Општина Куманово и Министерство за култура.