Ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ на Училишно Светско Првенство во Сплит

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со професорите и учениците кои ќе патуваат на Училишното Светско Првенство во атлетика за машки, кое ќе се одржи од 13 до 19 мај во Сплит, Р.Хрватска.

На екипното атлетско првенство ќе има училишни екипи од  33 држави од светот, а делегацијата од ООУ „Крсте Мисирков“ ќе биде составена од шест ученици кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини – 300 м со пречки, спринт, скок во далечина, трискок, фрлање на ќуле и штафета.