Градоначалникот Максим Димитиевски денеска беше домаќин на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. На средбата се разговараше за повеќе аспекти од долгогодишната соработка, за инфраструктурата, развојот како и досегашните и идните проекти со кои ќе се продолжи традицијата на добрите меѓусебни односи.
Подоцна, Градоначалникот и амбасадорот заедно ја посетија гимназијата “Гоце Делчев“ , чии ученици се дел од проектот за соработка меќу училишта од Куманово и Франција.