Ј  А  В  Е  Н     П О В И К  до  евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект  “Креирање можности за работа за сите – Главна фаза”

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект “Креирање можности за работа за сите – Главна фаза”

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Куманово Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 21.08.2019 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект

Креирање можности за работа за сите – Главна фаза

 Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект Креирање можности за работа за сите – Главна фаза

за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

  • Роми ( активни баратели) корисници на Гарантирана Минимална Помош ( ГМП)  со минимум завршено ССС и
  • Лица со Попреченост ( активни баратели на работа) со минимум завршено ССС .

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • 3 ментори за ученици од 2 до 9 одделение
  • 7 ментори за ученици од прво одделение

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 21.08.2019 година до 30.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Oпштина  Куманово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Oпштина Куманово кај лицето Ахмет Јашаревски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово  кај лицето Милорад Тренчевски,  Центар за социјлна работа Куманово кај лицето Александра Арсовска.