Денеска во Куќа музеј на Христијан Тодоровски Карпош се одбележа 76-годишнината од загинувањето на легендарниот кумановски командант и народен херој Христијан Тодоровски Карпош.
Настанот традиционално е во организација на Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи-Куманово.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски со претставници од општинската администрација и претседателот со членови на Совет на Општина Куманово положија свежо цвеќе на бистата на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.