Од утре општина Куманово започнува со методата на аеросолизација за намалување на загадувањето на воздухот

Денеска Раководителот на Сектор за Инспекциски надзор- Инспекторат  Бобан Бојковски на прес конференција ги претстави мерките кои општина Куманово ќе ги превземе за намалување на загаденоста на воздухот. Од утре општината започнува со метода  на аеросолизација на улиците, засилени контроли заедно со секторот за внатрешни работи, почесто миење на улиците и едукативна кампања со видео спотови. Апелираме до сите граѓани да ја чуваат животната  средина, а доколку имаат материјали, (видео,слики) во врска со загадување на животната средина, може да ги испраќаат на официјалниот mail на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат на Општина Куманово- inspekcija@kumanovo.gov.mk.