Засадени нови 150 садници

Градоначалникот Максим Димитриевски, заедно со претседателот на Совет на општината Атина Мургашанска и директорот на ЈП „Чистота и Зеленило„ Даниел Сојчевски, днеска засадија садници на две локации и тоа на улица „Тоде Мендол„ и на улица „100„ во населба Карпош. Оваа акција е дел од програмата за озеленување на јавни површини и заштита на животната средина  на јавното претпријатие, а денеска ќе бидат засадени вкуно 150 садници. Градоначалникот истакна дека општината ги превзема сите мерки што се во нејзина надлежност за намалување на загаденоста на воздухот и апелираше до граѓаните да се грижат за животната средина, со што ќе имаме и почист воздухот, особено во овој период од годината.