Во организација на Министерството за образование и наука и Канцеларијата на Обединетите нации за борба против криминалот и дрогата, во соработка со Општина Куманово – Сектор за образование, денеска беше одржана првата работна средба за отпочнување со имплементација на програмата „Вештини за адолесценција“.
Програмата има за цел да го подигне нивото на знаења за превенцијата од насилство, меѓуврснички конфликти, злоупотреба на алкохол, дроги и психотропни супстанци, како и да ја развие социјално-емоционалната интелигенција на адолесцентите со вклучување на наставници, професори, училишни стручни тимови и родители.