Секретарот на Општина Куманово Десанка Стошевска го посети првото родено бебе на одделот за Гинекологија и Акушерство во Општа Болница – Куманово. Првото новороденче е машко, родено во 00:10 часот.
Секретарот на Општина Куманово Стошевска на мајката и семејството им честиташе за второто дете, посакувајќи им многу здравје и среќа. На семејството му беше подарена штедна книшка и други пригодни подароци.