Ги информираме граѓаните на Општина Куманово, дека од денеска започнаа припремни изведбени активности за монтажа на катна гаража пред Дом на култура „Трајко Прокопиев„. Монатажата е предвидено да трае до крајот на месец февруари кога се планира и пуштање во употреба. Поради активности за монтирање на паркиралиштето, паркирање на оваа површина во центарот на градот нема да биде возможно до почетокот на месец март.